
58 годишен таксист пронајден мртов во возило кај Железничка
Таксист од Скопје починал возејќи го својот автомобил „Фиат линеа“. Возилото се наоѓало на лентата за вртење лево, на семафорите кај Железничка станица. Патувал од Аеродром кон Центар.
Безживотното тело го забележал случаен минувач кој видел дека возачот седи неподвижен зад воланот. Веднаш пријавил во полиција, околу 18:30 часот.
Според увидот, не постојат никакви траги на насилство.