Почна продолжението на комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски

Опозицијата обвини дека има листа на пратеници на кои им се подготвува одеземнање на имунитетот, потенцирајќи  дека за две години осуммина останале без пратеничкиот имунитет. Во одбрана на Велјановски велат дека тој имал шанса да избега од државата доколку сакал, но не го сторил тоа.

Владејачкото мнозинство им возврати дека тоа што бил 10 години претседател на Собранието не е аргумент дека ќе остане во државата, а како пример за тоа го потенцираа бегството на екс-премиерот Груевски.

Расправата за барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски,  поднесено од Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за негова вмешаност во настаните од 27 април, започна вчера.

Во текот на вчерашната дискусија пратениците од власта и опозицијата се препукуваа за тоа дали е оправдано да се донесе одлука на поранешниот претседател на Собранието да му се одземе имунитетот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е политички прогон и обид на слаабење на нејзината пратеничка група, додека претседателот на Комисијата Павле Богоевски нагласи дека работа на судот, а не на собраниската Комисија е да цени дали е оправдана или не мерката притвор за одреден случај.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ