Заев: Ќе има одговорност на функционери што влијаеле да се вработат нивни блиски, ДУИ не брза со повлекувања

Секој функционер за кој Антикорупциска ќе докаже дека влијаел врз државните институции за да се вработат негови блиски, ќе мора да си понесе одговорност, дециден премиерот Заев. Тоа ќе важи и за коалициониот партнер ДУИ, чии функционери засега се оглушуваат на повиците да се повлечат нивните роднини. Секој сам си ја носи одлуката, со своите чувства и одговорност, кај вработувањата не мора да станува збор само за кривично дело, туку и за етичкиот кодекс, вели премиерот. Сета дека не треба да се претерува со барањето одговорност, најважно е сите граѓани да се еднакви пред законот.

Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси, ќе барам директна одговорност. Кога зборувам, зборувам за сите и навистина очекувам за сите. Оставам секој сам да си ја носи одлуката, вели премиерот Зоран Заев.

И покрај повиците, од ДУИ не брзаат нивните роднини да ги напуштат работните места. Да ги оставиме институциите да работат, вели пратеникот Артан Груби. Смета дека треба да се почека антикорупционерите да утврдат дали имало прекршување на законоите, неправилности и судир на интереси.

Во меѓувреме, пред антикорупциска полни раце работа. За 18 те отворени предмети се чека институциите да ги достават бараните документи, најдоцна за 15 дена, а пооа во рок од еден месец тие ќе мора да одлучат, дали имало судир на интереси, или влијание, што е потешко да се докаже. Потоа ќе одлучат дали ќе поднесат прекршочни казни за одговорните лица во институцијата. Нема да прекинат постапките за функционерите што ги повлекоа роднините.

Тие постапки се покренати и зависно што ќе говорат фактите, ќе имаат соодветна разрешница. Повлекувањето од местото не ја исклучува одговорноста на одговорното лице за начинот на вработување ако постојат сомневањеа дека имало влијание или судир на интереси, вели Катица Николовслка, член на Антикорупциска комисија.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, не претсанува со откривање нови случаи.

Нови вработувања на блиски на пратеничките Татјана Прентовиќ и Анета Димовска Симевска од СДСМ, вели Димче Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Антикорупциска нема да остане само на овие 18 случаи, велат ги следат сите пресови и новинарски извештаи, ќе реагираат и по пријави, и по допрен глас од јавноста. Списоците со вработувањата од поранешната власт, пак, кои ќе им ги достави министерот Мамнчевски, ќе им биде од корист, но тие секако ќе ги отворат сите сомнителни вработувања од февруари 2015, кога е донесен Законот за јавна администрација.

Пратеничката Мира Стојчевска објави дека нејзиниот сопруг и брат се вратиле на старите позиции, иако синот останува во ЕЛЕМ, а таа тврди одговорно дека не интервенирала за ни едно вработување. Пратеничката Ременски, пак, за вчерашното обвинување од опозицијата, тврди дека немала никакво влијание околу вработувањето на нејзиниот кум Зоран Ременски во ЕЛЕМ, туку неговото знаење и професионалност.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ