СЈО ќе биде посебно обвинителство со автономија во рамки на државното обвинителство

Бомбите преживуваат и со најновата законска верзија за СЈО велат упатени извори за Телма, но во која мера? Дали само како докази во актуелните предмети или и за нови истраги од правда не откриваат. Нацрт законот е се уште во Министерство за правда и не го минал филтерот на партиите чија двотретинска поддршка во Собранието е клучна.

Судбината на СЈО се решава во ист закон со јавното обвинителство што значи дека ќе се интегрира во јавно обивнителскиот систем, но ќе му биде загарантирана автономијата и финансии. Ова според министерката за правда е содржано во последната верзија на законот со кој се решава иднината на СЈО.

Десковска потврдува дека обвинитлеите од СЈО своите предмети ќе ги застапуваат пред Основниот суд, и по жалба пред апелациониот, за разлика од до сега кога ги застапуваа и пред Врховниот суд. Тоа е еден од повеќето предлози на СЈО кои лично Катица Јанева ги претставуваше на јавна дебата во МАНУ.

Десковска во телевизиско интервју тврди и дека со законот нема да се прават амнестии на обвинети од СЈО, односно дека почнатите постпаки на СЈО ќе си продолжат и мора да има завршница. Сепак главното вето за законот може да дојде од политичарите со оглед на тоа што неодамна потврди и самата министерка дека има предлози рестриктивно кон бомбите. Најавите беа и дека со законот ќе се надминува новоотворениот проблем за СЈО, кој произлезе од мислењето на Врховен дека рокот за истраги од 18 месеци им е истечен.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ