Во затворот во Шуто Оризари повредени се екс-министрите Јанакиевски и Ристовски

Двајцата поранешни министри, сега осомничени за организација на „крвавиот четврток“, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка. Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот. Миле Јанакиески со повреди на главата и на раката е префрлен во воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали двајцата има скршеници. Сопругите на двајцата поранешни функционери за Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се грижат за нивниот живот.

Во Градската болница 8-ми септември каде е префрлен Миле Јанакиески утврдени му се повреди на раката. Грижата за притворените лица е во рацете на судот, ни одговорија во Управата за извршување на санкции. Од управата на затворот Шутка, за Телма тврдат дека двата инциденти се случиле во растојание од еден час. Во соопштение за инцидентите ги обвинуваат Ристевски и Јанакиески дека тие вербално провоцирале по што биле нападнати. Го осудија насилството.

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот. Околу 13:45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот. За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд, велат од Управата на истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Од судот кратко соопштија дека добиле известување за инцидентот и дека утре при редовна посета судијата за претходна постапка ќе утврдува што се случило. Телма во текот на денот контактираше со обвинителката Рускоска која во тој момент уште немаше потврда за инцидентот, но смета дека такви инциденти се за осуда.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ