
Нов состанок на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија
Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои денеска во клубот на пратениците дебатираат членовите на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.
Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека се очекува да се продолжи со работата по темите од претходно одржаниот состанок во Софија, пред се, за Цар Самоил, како и на забелешките на учебниците по историја од 5-то и 6-то. Одделение, кои веќе се направени и се разменети меѓу двете страни со цел да се надминат проблематичните толкувања.
Според него, целта на комисијата е сето тоа толкување на минатото од пред илјада и повеќе години да се денационализира, да не им се дава на тие настани и личности национална конотација од современ аспект, односно нашето денешно национално чувство да не се рефлектира 1000 години наназад, бидејќи објективно такво чувство и не постоело во тоа време.