Има ли УБК црна листа за опасни и ризични луѓе?

Пред две години кога тргнал во Турција на медицински преглед, Енвер Барди бил запрен на турскиот граничен премин. Тогаш разбрал дека го има на листа која турските власти ја добиле од македонските и дека е ризично лице.

Истата ситуација му се повторила и на влез во Србија подоцна.

Иако претходно патувал без проблеми во истите држави, Барди почнал да се рапрашува во Македонија зошто е на таков список и колку луѓе има.

Според него на таа листа има и негови пријатели и познаници, но и функционери, пратеници и директори, и дека вкупната бројка на луѓето е голема и изнесува над илјада. Но никогаш не добил официјално објаснување од МВР кој е ризикот од него за регионалната безбедност. Заменик министерот за внатрешни работи кој во март 2017 беше и министер Агим Нухиу за Топ тема на ваша страна негира дека тој има правено или потпишувано такви листи и дека сите такви задачи се во надлежност на УБК во која има оддел за борба против тероризам и екстремизам која ги презема сите активности предвидени со нивната задача.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ