
Блиску до договор за консензуален кандидат
Владејачкото мнозинство на чекор до договор за консензуален кандидат за претседател. Оптимизам по средбата на Премиерот Заев со лидерите на Алтернатива и на ДПА, Гаши и Тачи. Имиња на кандидати јавно не соопштуваат но според високи партиски извори на Телма на маса се ставени четири имиња, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски. Организациските секретари на партиите во наредниот период ќе го испитуваат мислењето на членството по што ќе се донесе конечна одлука.
Алтернатива на Гаши предлага кандидатот за претседател да биде натпартиска личност која во минатото не давала како што велат „несреќни изјави“.
Мендух Тачи има целосна доверба во Владата и дава подршка за заеднички кандидат.
Заев утре ќе оствари средба со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, а во четврток со Билал Касмаи од Беса.
Јулијана Пешевска