
Деконцентрација на моќта на министерот и средба со премиерот бараат од независната сцена за Годишната програма за култура
Начинот како се распределени сретствата со Годишната програма за култура , не е одговорност само на министерот Адеми, туку и на цела Влада, зашто таа знае во чии раце е министерството , рече Мирко Попов од „ ПМЏ Рекордингс“. Тој праша, зошто Владата дозволила незадоволство кај најистакнатите чинители на културата и уметноста, во државата.
Зошто една Влада која има реформски карактер, која сака да не донесе и не носи поблиску до светските, европските интеграции, би сакала највидливите, највлијателните и најевропските личности, организации кои се занимаваат со работи кои ќе не приближат до Европа, сака да ги изнервира. Не знам, вели Мирко Попов од „ПМЏ Рекордингс“.
Итно донесување и усвојување на предлог Законот за јавен интерес во културата, со кој два пати годишно ќе се отвораат конкурси за подршка на проекти од национален интерес и ќе се децентрализира моќта на одлучување на министерот за култура, побараа од „ Кино Култура“.
Деконцентрација и децентрализација на моќта на министерот за култура и неговото влијание при донесување на одлуки за подршка на конкурсите , распишани од министерството за култура на РМ, вели Виолета Качакова од „Кино Култура“.
Транспарентна ревизија на подржаните и повторно разгледување на одбиените или малку дотирани проекти за кои била доставена документација, а зад нив стојат признаени апликанти дома и во странство, побараа од „ Локомотива-Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста. А, воведување јасни и мерливи критериуми при оценувањето, меѓу кои и критериум „ одговорност“ и нова работна група за нивно изготвување, побараа од КЦ „ Интер Арт“. По вчерашната средба на министерот Адеми и премиерот Заев, договорено е , комисиите да ги преиспитаат одбиените пријави и на апликантите да им се даде можност , во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале недостатоци, велат од Министерството за култура.
Сотир Трајков