
Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“
На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ одбраната дава завршни зборови.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Адвокатот на Тачи и на Бедредин, Елвир Исени побара ослободителна пресуда за овие двајца обвинети. Смета дека СЈО го надминале рокот од 18 месеци за ова обвинение. Исто така се повика на аболицијата на Иванов. Вели не можел да ја стави вон сила, а доказ за тоа е одлуката на Грција, членка на ЕУ. Доколку судот ги осуди обвинетите таквата пресуда нема да опстане пред меѓународен суд, рече Исени. Исто така говореше за бомбите, дека немало записник од примопредавање и дека се незаконски. Тачи рече дека нема да дава завршен збор..
На минатото рочиште обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот.