
Илинденското востание и Гоце Делчев на новиот состанок на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија
Денеска и утре во Скопје македонско- бугарска експертска комисија ќе ги отвори прашањата – дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев и Илинденското востание. Дали ќе се менуваат учебниците за 5-то и 6-то одделение.
Ова се дел личностите и настаните за кои ќе се дебатира на четвртиот состанок на комисијата, формирана согласно договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.