
97 годишнина од постоењето на Стопанската комора на Македонија
На одбележувањето на 97 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, претседателот на управниот одбор на Макпетрол АД – Скопје, Андреја Јосифовски, доби награда за успешен стопанственик. Меѓу наградените е и главниот извешен директор и претседател на управниот одбор на Комерцијална банка, Хари Костов, а компанијата Алкалоид АД – Скопје доби награда за компанија со најголеми реализирани инвестиции во земјата.
Ние сме партнери на државата, со која имаме иста цел, членство во НАТО и ЕУ. Тие се наша голема одговорност, нагласи претседателот на комората Бранко Азески на одбележувањето на годишнината. Ја пренесе и пораката на најуспешните македонски компании. Наша заедничка цел како мала земја е да постигнеме повисоки стапки на рас од просекот во регионот, да ги стимулираме оние кои создаваат нова вредност, а тоа е реалниот сектор и меѓусебно да се почитуваме затоа што тоа е основа за напредок, порачуваат компаниите.