Функционери најавиле дека нивните роднини ќе се откажат од вработувања во јавниот сектор

Неколкумина функционери најавиле дека нивните блиски роднини ќе се откажат од вработувањата во јавниот сектор, изјави денеска премиерот. Не им ги открива имињата, вели дека ќе ги остави тоа самите да го соопштат.

За сите овие професии, вели Заев, постојат подобро платени работни места во приватниот сектор кои можат да бидат алтернатива на државните институции. Тврди дека се прави детална анализа на конкурсите и постапката за вработување, се испитува дали таа била фер и правична, а резултатите ќе ги објави неделава.

Анализа се прави и во Фондот за иновации и технолошки развој, но не за вработувањата, откако демантираа дека таму е вработена ќерката на пратеничката Емилија Александрова, туку на доделените грантови на блиски лица на функционери.

Скандалот во Фондот минатата година со месеци ја тресеше јавноста, откако се дозна дека огромни суми се доделени на фирми блиски до актуелната влада.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ