
До крајот на неделата ќе падне договор дали СДСМ и ДУИ одат заедно на избори
Заеднички кандидат нема но воља да се настапи заедничики на претстојните парламентарни избори има. Претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска ја одржаа првата средба на која се разговараше исклучиво за можноста за консензуален кандидат. Без многу информации за тоа кој би било прифатливо решение но со многу очекувања дека до крајот на неделата ќе се постигне решение бидејќи е потребно да се обидат да најдат заеднички кандидат за идбнината на државата.
На средбата која траеше нешто повеќе од еден час не било разговарано за конкретно име со кое би се истрчало на изборите, но биле презентирани внатрепартиските анкети за можни кандидати. Анализите ќе ги разгледуваат во двете партии за да се види рејтингот и да се издвојат фаворитите
Дали ќе има нова средба засега е непознато, но разговорите меѓу СДСМ и ДУИ ќе продолжат на ниво на организациони секретари во двете партии.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со речиси идентична изјава за тоа што е разговарано и што е договорено на денешната средба.Тој нагласи дека е значајно да се почитува вољата на мнозинството на граѓаните во Македонија и одлуката која ќе се донесе да биде правилна и во полза но не кажа дали ќе инсистира кандидатот за претседател да биде токму од неговата партија.
Премиерот Заев најави дека за конкретни имиња ќе се разгоцвара во втората фаза од преговорите со ДУИ. Тој откри дека внатрепартиските анализи издвоиле петмина фаворити за можен кандидат но не прецфизираше за кого станува збор за да не влијае на евентуалната одлука и уште еднаш потвбрди дека нема да се кандидира за претседател.
Огнен Чанчаревиќ