
Преспанските овоштари два часа на протест, бараат средба со Заев
На Преспа и се заканува еколошка катастрофа, доколку не се најде решние за пласманот на 50 илјади тони јаболка кои ќе изгнијат по магацините, предупредија на денешниот протест преспанските овоштари. Тие два часа го блокираа патот Ресен Битола и испартија барања до Владата за спас на последната реколта, која има ниски откупни цени, 1 денар за килограм индустриско и 3 до 6 денари за кознумно јаболко, а пласманот на откупот речиси е запрен. Бараат интевентата мерка од 3 денари за килограм која важеше до декември, да продолжи до 30 јуни, а во тој рок да им бидат исплатени овие пари. Исто така, побараа да ги добијат субвенциите за ланската година до крајот на март.
- Во моментот состојбата е тешка, имаме 50 илјади тони јаболка кои што не се откупени и немаме пласман ниту на трепезното ниту на индистриското јаболко, рече Љубе Пампулевски, овоштар.
Годинава овоштарите се соочија со хиперпродукција, а реколтата тежеше 120 илјади тони јаболка, од кои дел продадоа, а останатите количини ги чуваат во магацините, во несоодветни услови. Се пожалија дека се во тешка финансиска состојба, а доколку не се најде решение, велат, ќе бидат принудени да ги фрлат јаболката
- Тие 50 илјади тони се складирани во магацински простор, тоа не се ладилници, и не можат да издржат до март и април. Тој род ќе се фрли, а тоа ќе биде еколошка катастрофа не само за Преспа туку за цела Македонија, рече Албен Бекир, овоштар.
Ние апелиравме дел од овие барања да биде како долгорочна мерка изградба на неколку откупни центри. Не може да се реши целосно, но би се ублажил проблемот, рече Стевче Радевски, овоштар.
Од Министерствот за земјодлество велат дека сите политики и мерки за финансиска поддршка се донесени во консулатција со производителите на јаболка, меѓу кои се и организиторите на денешниот протест. Сите производителите на индустриско јаболко кои доставиле потврди дека го предадоа производството кај регистрирани откупувачи, ќе ги добијат парите од интервентната мерка по 3 денари за килограм. Од таму додадават дека исто така годинава се зголемуваат субвнциите за одржување на овошните насади по хектар, а исплатени се и штетите од временските непогоди во Преспа. Од Мнистерството апелираат овоштарите да не подлегнуваат на манипулации и велат дека се отворени за нови предлози.
Е,милија Мисирлиевска