
И Св Климент Охридски преминува во заедничка историја и празнување со Бугарија !?
По учителите Кирил и Методиј, и за учениците ќе се разговара дали да се празнуваат заеднички. Државниот празник св. Климент Охридски ново проблематично име на бугарско-македонската експертска комисија за историски и образовни прашања. Тимот од Скопје кој во вторник е домаќин на на 4 –тата средба ќе се обиде да донесе заклучок и за Цар Самоил, и за охриѓанецот Гиргор Прличев како да ги празнуваат двете држави, но и да ги надимант разликите кој полага право на нивниот придонес.
Каде и кој ќе положува цвеќе се само дел од техничките пршања коишто комисијата планира да ги затвори на средбата иако последниот збор ќе ги имаат владите во Скопје и Софија. Освен значајните личности, комисијата во Скопје ќе ги разглдува и проблематичните за Бугарија историски забелешки во учебниците за 6 и 7 одделение.
Додека комисиите ги „пеглаат“ разликите договорот за доборососедство сеуште не дава резултати, велат македонските политичари од Софија. Пораншниот премиер Владо Бучковски смета дека мостот на проврзување не треба да биде само историајта, кулурата и јазикот туку во прв план инфраструктруата, економијата и трговската размена.
Браќата Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Наум се имиња на централните универзитети во двете земји, во нивна чест се доделуваат државни награди, и се одбележуваат црковни празнувања, а најспорно за двете земји е кому припааѓаат. Следната средба експертите ќе се соочат и со образованиот материјал за втората светска војна, но велат рано е да се доенсе заклучок дали во иднина во училитшата ќе се учи како до сега дека Бугарија во втората светска војна е фашистички окупатор.
Павле Беловски