Водата во Скопје останува на истата цена, но до кога?

Скопјани ќе плаќаат сметки за вода по стара цена. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги симна од дневен ред точките со кои се предлагаше нова цена на водната услуга во градот. Обвини дека Регулаторната комисија за енергетика предложила цени кои не се темелат на факти и на реалните потреби на граѓаните.

„Додека сум градоначалник , поради политикански одлуки на партизирани органи од минатото, скопјани нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на ЈП“, изјави Шилегов.

РКЕ ги отфрла обвинувањата за политиканство. Велат дека ваквите реакции се очекувани кога се работи за нов начин и методологија на утврдување на цените на водните услуги. Дали сметките за вода за скопјани ќе останат исти останува отворено прашање особено ако се знае дека законот за утврдување на цените на водните услуги јасно прецизира дека ако советот на општината  не ја прифати можноста, сам да одлучи по предлогот на регулаторот ништо нема да се смени, бидејки постапката после 4 месеци пак се враќа во Регулаторната комисија и тогаш таа ќе го има конечниот збор.

„Член 13 став 14 Доколку не е дадена согласност на одлуката за утврдување на тарифа за водна услуга во рок од 150 дена од денот на објавување на решението за утвдрување на тарифата за водна услуга во „Службен Весник на РМ”, Регулаторнта комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за донесување на Регулаторна тарифа за водна услуга“, велат од регулаторна.

Законот предвидува и казнени одредби доколку ЈП не ја спроведе одлуката на регулаторот и тие се движат од 6000 евра па нагоре.

Против одлука за поскапување на цената на водата е и владата. И препорачуваат на РКЕ да ја преиспита одлуката за покачување на цената на водата во Кичево а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата.

Според предлогот новата цена на водата во Скопје ќе се намали на 28,67 денари но со додавање на 2,04 денари по метар кубен за прешистување на отпадниет води, сметките ќе беа повисоки за 1,32 денари.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ