
Се зголеми билансот на загинати од сообраќајната несреќа кај Ласкарци
Уште една жртва во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци. Утринава во 5 часот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, почина уште еден од патниците . Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа, потврди за Телма директорот на Ургентен центар, Илир Хасани.
Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.