
Двајца повредени приклучени на апарти за дишење, девојка се соочува со ампутација
Двајца повредени во катастрофалната сообраќајна незгода кои се приклучени на респираторни апарати се во животна опасност и лекарите сеуште се борат за нивниот живот, додека кај осуммина други кои се со тешки повреди и во критична состојба ситуацијата полека се стабилизира но сеуште е далеку за да може со сигурност да се каже дека тие повеќе не се во животот загрозувачка состојба.
Лекарските тимови во Градската болница имаа уште една долга и исцрпувачка ноќ во која мораа да интервенираат кај двајца пациенти, едното петнаесетгодишно момче, чија состојба нагло се влошила поради внатрешно крварење.
За жал случна е и состојбата на дваесетгодишна девојка која е хоспитализирана на КАРИЛ со тешки повреди на ногата и се соочува со можна ампутација. Министерот Филипче најави дека до карјот на денот ќе се донесе конзилијарно мислење и ќе биде оперирана.
Во моментов во Градската болница и Клиничкиот центар се хоспитализирани 36 пациенти. Најголем број се во Градската болница – 28 а осуммина се во Кличничиот центар. Шестмина се на одделението за интензива нега во 8 ми Спемеври а 4 на КАРИЛ.
Добрата вест е што шестмина повредени во текот на денот ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Министерот уште еднаш потврди дека бројката на жртви во катастрофалната сообраќајна незгода е четиринаесет и додаде дека засега има доволно резерви крв од сите групи.
Огнен Чанчаревиќ