
Тројца во критична состојба на Ургентен центар
Уште една долга ноќ им претстои на повредените од автобуската несреќа и на докторите. Тројца патници од вкупно петмината што се во критична здравствена состојба се хоспитализирани на хируршките клиники во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Докторите се борат за животот на една студентка која во Скопје доаѓала за да полага испити и уште двајца гостиварци кои работеле во Скопје и се со сериозни повреди на градниот кош. Едниот бил попладнево донесен од 8 септември а другиот бил два пати опериран, но се уште е во тешка состојба велат докторите.
Останатите петмина хоспитализирани на хируршките клиники се во во подобра здравствена состојба, потврдува Хасани.
Најмногу 28 повредени има во Градската болница 8 ми септември. Петмина се на интензивна нега, двајца се во критична состојба а останатите тројца биле префрлени од Одделот за траума поради влошување на состојбата и внатрешно крварење.
Роднините и вечерва пред болниците чекаа вести од докторите во чии раце се живтотите на нивните блиски. Болниците работат со зголемен медицински персонал поради неопходноста на хируршки интервенции и медицинска нега. Повредените и во двете болници доцна попладнево ги посети градоначалникот Арбен Таравари. Тој се надева дека повредените ќе закрепнат и ќе ги надминат траумите.
Елена Ивановска Мукоска