Се откажуваат сите настани по повод „Свети Трифун“

Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради денешниот трагичен настан кој ја потресе цела држава се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун.

Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.

Културно-забавниот дел се откажува и во Демир Капија. Ќе се одржи само велосипедската тура и ќе биде во чест на загинатите во сообрсќајката.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ