
(Видео): Очевидците велат дека ситуацијата е страотна
Очевидците велат дека ситуацијата е страотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население пружало помош на настраданите.
Како што информираше директорот на градската болница „8-ми Септември“, Христијан Костов во оваа болница се примени 36 пациенти, од кои 4 се донесени мртви, а тројца се наоѓаат во животно загрозувачка состојба.
Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци во која се преврте автобус.
На месото несреќата има десетина амбулантни возила.
Полицијата се уште не ги потврдува информациите за точната бројка на настрадани, но се шпекулира дека има и жртви и тешко повредени.
Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума. Автобусот кој излетал од автопатот и се превртел е на компнаијата Дурмо Турс.