
Има настрадани во сообраќајката на патот Скопје-Тетово
Има настрадани во сообраќајната несреча која се случи околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци во која се преврте автобус.
Како што јави репортерот на Телма, Билјана Николовска, меѓу повредените има и лица со потешки повреди, а на месото несреќата има десетина амбулантни возила.
Полицијата се уште не ги потврдува информациите за точната бројка на настрадани, но се шпекулира дека има и жртви и тешко повредени.
Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума. Автобусот кој излетал од автопатот и се превртел е на компнаијата Дурмо Турс.