Промената на личните документи ќе си ја платат граѓаните

Цената на промената на државното име ќе ја плаќаат и граѓаните. Сметката ќе биде испорачана за 5 години од сега, а владата е децидна дека нема да ги субвенционира наметнатите трошоци од договорот во Преспа. Оние граѓани повозрасни од 27 години кои поседуваат автомобил, а во изминативе неколку години ги обновиле личните документи, најдоцна за 5 години кога истекува рокот ќе мораат да одвојат непланирни 3800 денари.

  • Патна исправа 1.600 до 1.800 денари
  • Лична карта 190 денари
  • Возачка дозвола 390 денари
  • Сообраќајна дозвола 200 денари
  • Регистарски таблички 1.200 денари

Први ќе  трошат МВР за набавка на нови патни исправи и регистарски таблички, а ќе ги добијат оние граѓани на кои редовно им истекуваат, или бараат обнова.

„NMK“ e налепницата која секој ќе ја добие на излез од државата, а ќе трае до истекот на тековната регистрација. Меѓуресорската група ќе има четири бурни месеци за кои ќе треба да креира лого со новото име, димензии на табли, а потоа и да ги закачи на сите институци на централно и локално ниво.

Бошњаковски ги смири жителите на градовите Македонски брод и Македонска Каменица дека нивните имиња не се менуваат. Во историјата заминуваат досегашните имиња Македонска опера и балет, МАНУ и останатите образовни и културни институции коишто користат државни средства. Пари од државата добиваат и политичките партии, а двете најголеми од македонскиот блок со спротиставени ставови.

Според член 1 од Договорот од Преспа придавката македонски, македонско и сл. мора да ја сменат сите приватни субјекти што се поврзани со државните и јавни институции, што се опфатени со закон и имаат финансиска поддршка од државата за активности во странство. Не последни, но засекогаш ќе си заминат банкнотите со Република Македонија чијашто замена ќе отпочне во 2020 година.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ