Светска банка ни проектира раст од само 1,5 отсто за годинава

Светска банка во својот најнов извештај за земјава констатира дека економскиот раст бил значително забавен оваа година, како последица на политичката криза.

Годинава Светска банка ни проектира раст од само 1,5 отсто.

– Светска банка и препорачува на Македонија дека за земјата е приоритет фискалната консилидација, а за тоа ќе биде потребно зголемено ниво на приходи во буџетот. Од светска банка сметаат дека приоритет треба да биде да се зголеми ефикасноста во наплатата на даноците во земјава, и од тоа ќе зависи дали ќе треба во иднина да се размислува за зголемување на даноците. Светските банкари повторно укажаа дека мора да се намали зависноста на Пензискиот фонд во земјава од парите што ги добива од државниот буџет, а дали ќе биде потребно да се зголеми старосната граница за пензионирање, ќе покаже анализата која се прави во моментов во соработка межу Владата и Светска банка, вели Бојан Шимбов, економист во Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ