
Реакција на Tелма: СЈО прави селекција на медиумите
Телевизија Телма реагира на нетранспарентноста на Специјалното Јавно Обвинителство за непоканувањето на брифингот за новинарите одржан вчера 11 февруари. Нашата Телевизија во неколку наварти и писмено и усно побарала детали за случајот „Империја“ кој беше предмет на брифингот, но и покрај заинтересираноста не е повикана и нашата но и други национални телевизии. СЈО не одговори зошто направиле селекција на новинарите во објавувањето на детали за „Имерија“, што за жал не е прв случај на нетранспарентност и селективност на ова Обвинителство.