Поканата за Иванов од Влада стигнала доцна

„Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов“. Ова го соопштија од Кабинетот на Иванов, откако претходно за Телма одговорија дека не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.

Од Владата веднаш демантираа и соопштија дека Иванов бил официјално и уредно поканет.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ