
Таблите на грачничните премини ќе се поставуваат утре
Менувањето на таблите со новото уставно име на државата ќе почне од граничните премини. Неофицијално на преминот „Богородица“ веќе е пристигната таблата со новото име на државата, но не се знае кога точно ќе се постави.
Камионџиите коишто со часови чекаа во меѓуграничниот простор за влез во земјата, велат дека досега не виделе никакви активности кај таблата. За новините дознале од социјалните мрежи.
Замената на таблите ќе почне откако во Службен весник ќе излезе дека Грција го ратификувала протоколот за членство во НАТО и договорот од Преспа.
Сузана Мицева