КОД: Роднини и блиски на функционери се главни нововработени

Во офанзива на позиции во администрација и во државни претпријатија. Роднини и блиски на функционери се главни нововработени, а во емисијата КОД и откритие дека државни јавни претпријатија имаат помалку или сличен број на вработени- колку што имаат и функционери.

Улица Аминта втори. Спрат трети. Зграда на Министерство за земјоделие. Ова е локацијата на која се наоѓа најмалото јавно претпријатие основано од владата. Се вика Агро берза. На нивниот веб сајт се информации за движење на цените на земјоделски производи.

Агро берза е апсурдна по друго. Има само девет вработени. А за управувањето со неа грижат 11-мина именувани лица. Еден директор и по пет членови на управниот и надозрнио одбор. Има помалку луѓе што работат од оние што управуваат со нив. Сега со промена на законот, вработените ќе добијат уште еден функционер, заменик директор, 12-ти по ред. Шемата ја воочиле врз основа на достапните податоци, во центарот за управување со промени.

Центарот познат по кратенката ЦУП пред изгласувањето на измените на законот со кои се уведуваат нови замени директорски позиции, заедно со десетина други невладини организации со писмено обраќање и укажале на владата дека прво треба да се изврши анализа колку ќе чини и што ќе донесе таа промена. Одговор не добиле.

Премиерот Заев го бранеше потегот со тоа што тврдеше дека ќе се зголеми ефикасноста на претпријатијата со заменици на директорите.

Одлуката е донесена, а невладините сметаат дека зад неа стои политичко-партиски дил.

Во код и приказната за општина Шуто Оризари каде партнерката на градоначалникот го води општинскиот совет и за последниот непотизам, баџанакот на спикерот Џафери кој е избран за член на антикорупциската комисија.

КОД ќе гледате вечерва во 19.15 на Телма

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ