Нимиц од Атина пристигнува во Скопје

Медијаторот на ООН во спорот за името Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Нимиц, вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и оцени дека грчката влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

Во изјава за медиумите, тој не сакаше да ги открие неговите идеи и предлози, велејќи дека не е добра идеја да коментира што предложил.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ