Новата Антикорупциска комисија ќе го има и првиот тест на претседателските избори
Новата Антикорупциска комисија којашто вчера беше избрана ќе го има и првиот тест, со спроведувањето на претседателските избори, кои мора да бидат брзи во донесувањето на оклуките порача министерката за првада Рената Десковска од трибината Фер општество-шанса за сите.
На судиите и судскиот совет им порача дека со новите законски измени нема веќе да бидат заштитени и да бегаат од одговорноста што ја имаат, а на управните судии ќе им се ускрати можноста постапките да траат долго. Споровите кои со години се водата поради префлувањето од една институција до друга, како пинг-понг ќе бидат минато. Очекува брзо да се реши проблемот со алките за изрекување на алтернативните казни затвор и домашен притвор, а од судиите очекува да почнат со изрекување на вакви пресуди. Смета дека во изминатите седум месеци, откако е седната на ова министерско столче има напредок во сферата на правосудството. За неа успех е тоа што со новиот закон за извршителите намалени се наградите и трошоците за граѓаните. Најави нов закон за прекршоци, со кои фирмите прво ќе се опоменат, а тоа ќе им се изрекуваат глобите, кои драстично се намалени. Малите фирми ќе имаат глоби од 50 до 2.000 евра.
Но, што со работниците од текстилната индустрија и новит колективен договор, кои почнаа да се охрабруваат и да пријавуваат дека немаат земено К-15, и како ќе се решава недовербата кон трудовата инспекција, беше едно од прашањата упатени, кон министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Царовска најави нови државни субвенции за фирмите за зголемување на платите на работниците за тековната година, како и за младите за отварање на сопствени бизниси.
Викторија Јованова