Грција го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО – Договорот од Преспа стапува на сила

Грчките пратеници го изгласаа Протоколот за членство на Македонија во НАТО со што се исполни последниот услов за стапување на сила на Договорот од Преспа. По жолчна целодневна дебата, меѓу пратениците на владеачката СИРИЗА и опозициската Нова деморатија, вечерва со 153 гласа беше ратификуван Протоколот за макеdoнското членство во Алијансата.

Ратификацијата беше последниот чекор со кој по речиси осум месеци од неговото потпишување Договорот од Преспа стапува на сила. Договорот не стапува на сила вечерва туку ќе се чека Грција официјално да ја извести Македонија дека го ратификувала Протоколот за членство во НАТО, како што е предвидено во Завршните одредби од документот, во член 20 став три

Следува размена на ноти помеѓу двете влади. Сега веќе тогаш Северна Република Македонија и Република Грција по размената на ноти следува испраќање на писмо до ОН и сите останати меѓународни организации дека новото уставно име на нашата земја ќе биде Република Северна Македонија.

Дали тие размени на ноти може да се случи уште утре?

Не би можеле во моментов да прецизираме такво нешто. Формулацијата која што е најсоодветно, најадекватно да ја користиме е „денови“, изјави Бошњаковски за Телма.

Според информациите на Телма известувањето од Грција ќе се случи в понедленик и уште истиот дена двете земји со заедничка нота ќе ги известата ОН дека разликите за името наведени во Резолуциите 817 и 845 се надминати и дека договорот од Преспа стапува на сила. Истовремено Македонија ќе ги извести и другите меѓународни организации дека нејзиното ново уставно име е Република Северна Македонија.

Бошњаковски вели дека се прават подготовки и координација за примена на Договорот откако ќе завршат сите формлности околу размената на нотите.

И ние започнуваме веднаш со активностите кои што следуваат околу замена на таблите на граничните премини, на владините институции и на дипломатско-конзуларните претставништва, велиБошњаковски.

Од владата, како што велат, се уште не подготвен план од каде ќе почне менувањето на таблите на институциите.

Неофицилано првата табла со новото уставно име би била поставена на граничниот премин Богородица, па потоа би се сменило името на Владата, па Собранието. Како што дознава Телма, веќе се изготвени идејните решенија на таблите со новото име кои ќе ги заменат старите.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ