Грција и Македонија на чекор од активирање на Договорот од Преспа

Грција го прави последниот чекор кој води до целосна имплементација на Договорот од Преспа – ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Дебатата во грчкиот парлмент почна утрово и се очекува да заврши во вечерните часови со поединечно гласање на секој пратеник. За ратификација потребни се 151 глас, кои според пребројувањата меѓу политичките блокови, владеачката СИРИЗА ги има обезбедено со гласовите на четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци.

Дебатата како што беше очекувани ја повтори реториката од гласањето за Договорот од Преспа. Опозицијата обвини дека 11 годишниот циклус кој започнал со гордост за Грција со ветото во Букурешт во 2008, завршил со капитулација.

Интеграцијата во НАТО е првиот конкретен позитивен резултат од Договорот за Скопје. Со право слават, кога обезбедија признавање од вас на македонски јазик и идентитет, а сега обезбедуваат и членство во НАТО, рече Јоргос Кумуцакос од Нова Демократија.

Никос Тоскас, поранешен министер за цивилна одбрана од СИРИЗА пак рече дека е време да се затвори прашањето на балканизацијата на Балканот.

Мораме да ги затвориме нашите разликите на Балканот и да се справиме со главната закана за нашиот суверенитет што е од исток, Никос Тоскас, пратеник од СИРИЗА.

До вечер се очекува да се обрата и лидерите на СИРИЗА и Нова демократија.

Ратификацијата на Грција на Протоколот за членство на Македонија во НАТО се исполнува условот за стапување на сила на Договорот од Преспа. Според член 20 став три од Договорот тој ќе влезе во сила на даумот на прием на последното известување од односната страна.

Следува размена на ноти помеѓу двете влади. Сега веќе тогаш Северна Република Македонија и Република Грција по размената на ноти следува испраќање на писмо до ОН и сите останати меѓународни организации дека новото уставно име на нашата земја ќе биде Република Северна Македонија.

– Дали тие размени на ноти може да се случи уште утре?

Не би можеле во моментов да прецизираме такво нешто. Формулацијата која што е најсоодветно, најадекватно да ја користиме е ’денови, изјави Бошњаковски за Телма.

Бошњаковски вели дека се прават подготовки и координација за примена на Договорот откако кога ќе завршат сите формлности околу размената на нотите.

И ние започнуваме веднаш со активностите кои што следуваат околу замена на таблите на граничните премини, на владините институции и на дипломатско-конзуларните претставништва, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на Македонија.

Од владата, како што велат, се уште не е подготвен план од каде ќе почне менувањето на таблите на институциите.

Неофицилано првата табла со новото уставно име би била поставена на граничниот премин Богородица кон Грција, па потоа би се сменило името на Владата, па Собранието. Како што дознава Телма, веќе се изготвени идејните решенија на таблите со новото име кои ќе ги заменат старите.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ