
Фетаи: Врховен излезе од надлежноста со толкувањето на законот
„Обвинителите од СЈО не доаѓаат од ФФМ туку се јавни обвинители“, вака обвнителката Фатиме Фетари во завршниот збор на „Титаник 2“ му одговори на Врховниот суд кој го прогласи СЈО за неовластен тужител. Посочи дека судиите мешаат правни термини надлежен обивнител и овластен тужител.
Фетаи смета дека со правното мислење Врховен излегол од надлежноста и толкувал што мислел законодавецот кога го носел законот. Иронизираше дека се уште не е научно поткрепено дека врховните судии имаат надземска моќ и способност да ги препознаат мислите на политичките партии кои го изгласаа законот.
Ставот на Врховниот суд формално правно се вика правен став, а суштински е неправен став, што пак доведува до линија на одговорност на судиите кои го донеле неправниот став. Можеби пак ќе го извадат имунитетот од подрумот на Врховен, ќе видиме, рече Фетаи.
Повикувајќи се на мислењето на највисокиот суд, одбраната на Мијалков денеска поднесе приговор дека роковите за ова обвинение биле пробиени. Фетаи вели рокот е запазен и 18 месеци се сметаат од моментот кога биле преземни бомбите.
Завршниот говор обвинителката го започна со барање осудителна пресуда за „Титаник 2“. Се докажало дека Мијалков ја искористил својата моќ и влијаел врз лидерот на ДПА Тачи, кој пак го поттикнал членот на ДИК Бедредин Ибраими да гласа спротивно на ставот, кој јавно го кажувал за време на седницата на ДИК а се со цел да има прегласување во Струмица и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да остане во игра, посочи Фетаи.
Членовите на ДИК флагрантно го прекршиле Изборниот законик и одлучувале во функција на партиски интереси. Обвинителката ги спомена и судиите од Управен кои иако беа обвинети судот ги тргна од обивнението за „Титаник 2“.
И судиите изградиле став на линија на партијата на власт. Првата брана ДИК била срушена само со два телефонски повици. Втората брана, судиите им биле апсолвирани. Не се за џабе се тефтерчињата на поранешната министерката Јанкуловска но и помагал и тогашниот дирекор на УБК, рече Фетаи.
На ова имаше реакции од обвинетите и адвокатите кои извикаа дека обивнителката држи политички говор.
Поради вештачењето, беше сменета и штетата на буџетот од 146 илјади денари колку што стоеше во обвинението, на 26 илјади денари. Следното рочиште одбраната ќе даде завршен збор.
Мијалков е обвинет за примање награда за против законито влијание за што е предвидена затворска казна од 1 до 5 години. Останатите обвинети одговараат за злоупотреба на службената казна за што е пропишана казна од најмалку 5 години затвор.
Елена Ивановска Мукоска