
Без расправа експресно утврдена листата за новите антикорупционери
Без расправа, експрсно, Комисијата за избори и именувања ја утврди листата за кандидати на антикорупциската комисија. Предлогот ќе го достават до Собранието, а седница ќе има во 12.30 часот. Предложени се првите седум рангирани, а од нив за претседател на Комисијата конкурирала само резизорката Билјана Ивановска, додека другите аплицирале за членови.
Според бодувањето, најмногу поени има Владимир Георгиев – 100, кој е вработен во Комисијата, Софка Пејовска Дојчиновска има 98 поени и исто така е од ДКСК, ревизорката Катица Николовска е на трето место со 94,67 поени, Нури Бајрами со 93,57 е на четврто место, а е вработен во општина Гостивар, ревизорката Билјана Ивановска е на петто место со 92,14 поени, новинарот Горан Трпеноски е на шесто со освоени 89,29 бода, и Шемши Салаи од општина Врапчиште е на седмо место со 89 поени.