
Владата го разреши директорот на Агенцијата за туризам, Александар Донев
Владата го разреши од функцијата директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев. Како причина наведуваат несовесно и невнимателно работење.
Името на Донев се појави во скандалот за неговото патување со буџетски пари со бизнис класа до Аргентина за да го промовира туризмот, а за време на кусата директорска кариера патувал и на други далечни дестинации, како Јапонија.
Од Владата нема информации дали Донев ги вратил парите за скапата авионска карта, како што вети по откривањето на скандалот.