Собранието ќе пресече за тоа дали СЈО смее да отвора истраги

Собранието ќе пресече за роковите на СЈО смее или не да отвора истраги и да подигнува обивненија. Државниот обвинител Љубомир Јовески ќе бара толкување од законодавниот дом со образложение дека мислењето  на Врховен ја нарушува законитоста. Ова е еден од заклучоците на колегиумот на јавното обивнителство. За  образложението на претседателот на Врховен Вангеловски сакале да спречат несогледливи штетни последици од продолжување на постапките на СЈО, Јовески вели тоа не е основ за да се донесе начелно правно мислење

  • Со начелното правно мислење Врховниот суд излегол надвор од законските надлежности, толкувајќи конкретна законска одредба со што создадена е правна несигурност, вели Јовески. 

Државниот обвинител вели нема намера да се меша во работата на специјалното обвинителство. Ќе ги преземе и ќе ги води само оние предмети за кои Јанева ќе се прогласи за ненадлежна. Со останатите докази државното обвинитрелство ке ги преземе и ке ги користи и бомбите.

Јовески вели капацитети на ЈОРМ се ограничени но имаат воља и сила да сработат оние предмети што кеги добијат од специјалното. Начелните правни мислења не се еднаш за секогаш дадени и може да бидат променети вели Јовески. Колеглегиумот на обвинителството очекува  судиите да носат одлуки според законот и во функција на на владеење на правото.

А судовите почнаа да ги носат првите одлуки за осомничените во Империја.  Кривичен го одби предлогот на Мијалков да не му се суд за Тортура со образложение дека за 20 дена бил пробиен рокот од 18 месеци за подигнување на обвинение. Од СЈО рекоа дека роковите биле запазени а судијката одлучи дека мислењето на Врховен не е обврзувачко а обвиението е веке правосилно. Апелација пак ја одби жалбата на бизнисменот Камчев и му го продолжи куќниот притвор.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ