
Грипот ги полни болниците – по три години се врати опасниот А H1N1
Грипот ги полни болниците. По три години се врати опасниот А H1N1 и ја зеде првата жртва. 25 годишна девојка почина од свинскиот грип. Ова е вкупно втора жртва од грип во земјата. Завчера на педијатрија и починало петгодишно девојче со тешки компликации.
Неделава во болница се јавиле 1700 нови кои ги почувствувале симптомите. Според податоците кои ги собрале од Институтот за јавно здравје, вкупно 4500 луѓе се разболеле од грип досега. Лекарите потенцираат дека зависи од човек до човек – кој и како ќе реагира на грипот. Некои ја прележуваат болеста полесно, но кај некои се комплицира клиничката слика.
Пациентите болни од грип се лекуваат најпрво со обична терапија. Ако после едно деноноќие не се подобри нивната состојба, лекарите им даваат тамифлу. Министерството за здравство испратило писмо до сите здравствени установи да обезбедат доволна количина од овој лек.
Петар Догов