Оградата ќе се вади, столбовите ќе останат – Владата реши да ги штеди парите на граѓаните

Оградата поставена околу зградата на Владата ќе биде тргната и за тоа нема да бидат потрошени пари од Буџетот бидејќи ќе се ангажираат сопствени ресурси и механизација. Оваа одлука е донесена на вчерашната 118 владина седница.  Со ова ќе се исполни ветувањето на премиерот Заев дадено пред повеќе од две години, во предизборието, дека отстранувањето на оградата и „отварање на Владата“ ќе биде приоритет откако тој ќе дојде на власт.

Железната ограда ќе биде ставена во депо. Што ќе се случува со оградата и со просторот околу згрдата ќе се одлучи во како што најавија инклузивен процес односно консултација меѓу граѓаните и Владата.

Иако ограда повеќе нема да има, бетонските столбови ќе останат бидејќи за нивно отстранување мора да се ангажира фирма и професионалчни работници.

Оградата на Владата чини 700 илјади евра а според договорот склучен во март 2015 година, ја постави градежната компанија „Бауер БГ“, која беше ангажирана на повеќе проекти финансирани од државата, меѓу кои и реконструцијата на фасадата на владиниот објект.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ