Вработените во МВР прашуваат зошто раководството не одговара за 27-ми април

МВР има своја хиреархија, а обвинителството ги товари пониските алки во неа за Терористичко загрозување на уставниот поредок. Во судницата нема да ги видите раководните структури кои тој ден имале задача да даваат наредби потенцираше одбраната и началниците од МВР Митко Пешов и Душко Лазаров. адвокатите побараа ослободителна пресуда оти тие немале командна одговорност. Потенцираа дека и по 2 години главните организатори исто така не се на обвинителна клупа, а со инцидентите сите знаат дека раководел друг штаб.

Во судница адвокатката на Пешов потенцираше дека обвинителството нема докази, а се потпира само на една изјава на Александар Василевски Нинџа. Смешно е ова бидејќи секој знае кој е Нинџа рече Зефиќ. Судијката Кацарска и врати, да не го навредува и дека само поради тоа што брзо зборувала не е казнета.

Завршните зборови на останатите обвинети во најголемиот процес за инцидентите од 27 ми април во собранието продолжуваат во петок.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ