
Кај аналитичарите измешани чувства за НАТО
Новата страница во историјата ја почнуваме разединети и со измешани чувства за потпишувањето на Протоколот за НАТО. Аналитичарите сметаат дека проблемот не е во поддршката за Алијансата, туку во начинот на кој се стигна до целта и како тоа беше доживеано. Поранешниот амбасадор во НАТО смета дека Македонија е во иста ситуација во однос на менталниот, политичкиот и културолошкиот склоп како и поранешните комунистички држави кои влегоа во НАТО после транзицијата и не е изненаден што и претседателот на државата и опозицискиот лидер дадоа јавна поддршка иако не се согласуваат со договорот од Преспа.
Ружин вели дека и испитувањето на јавното мислење покажува дека граѓаните се за НАТО и покрај одредениот скептицизам.
И аналитичарот Владимир Божиновски потенцира дека, поддршката за евроатлантските интеграции секогаш била голема од сите политички елити иако имаа различни размислувања за начинот на кој требаше да дојде до тоа.
Горчливата пилула што требаше да се проголта, за Божиновски е главната причина за отсуството на еуфорија кај граѓаните.
И двајцата се согласуваат дека, членството во нАТО е од безбедносно, политичко и културолошко значење за државата, но дека е сепак најважно да се подобри економската клима и да почнат преговорите со ЕУ.
Далиборка Дамјанска Цветановска