МАНУ: Строги мерки против загадувањето, а не популизам

Загадувањето не може да се намали преку ноќ со популистички мерки туку со преземање на строги и сеопфатни мерки со кои ќе се заштити здравјето на граѓаните, сметаат академиците. Причината за деценискиот проблем со воздухот во Скопје според нив треба да се бара во пренаселеноста, во висококатниците што го сопираат струењето на воздухот, но и во половните автомобили и транспортни возила без еколошки стандарди. Пред да се премине на ограничување на сообраќајот во центарот на градот или воведување пар-непар, тие бараат анализа и преиспитување на мерките за да не се создаде поголем хаос и поголемо загадување.

„Стопираниот сообраќај на Водно не го намалува загадувањето на Водно, тоа не е загадено, тоа е мерка за рекреативците, нема теорија дека го намалува загадувањето. Ние треба да видиме  дали оваа котлина може да да поднесе волку луѓе“, кажа академик Глигор Каневче.

Анализите покажуваат дека 18 % од загадувањето е последица на транспортиниот сообракај на тешките товарни возила кои многу загадуваат и имаат ниски еколошки стандарди. Во ситуација кога дневно во Скопје доагаат 12. 000 луѓе од исток и 18. 000 од запад, не треба да се исмева идејата за паркирање надвор од градот, рекоа учесниците на форумот во Ману. Доколку не се зголемат надлежностите на локалната власт која може да стимулира и субвеницонира користење на велосипеди и градски јавен превоз, вкупното ниво на штетни емисии на гасови ќе се зголеми за 56%.

„Главен причинител за загадувањето од транспортот во Македонија е стариот возен парк, бидејќи дури 65 отсто од возилата се постари од 2002 година. Во земјава има многу малку хибридни ии електрични возила, а многу загадуваат и градежните машини кои речиси воопшто немаат еколошки стандарди, како и приватните автобуси и такси возила“, кажа Јани Макрадули – заменик мин. за екологија.

„Загадувањето од транспортот може да се намали за една третина ако забрзано се исфрлат од сообраќај постарите возила со високи јаглеродни емисии и се зголеми бројот на хибридни и електрични возила, кажа Нарин  Сахакиан од УНДП.

„Предлагаме нова метода за пресметување на еколошки такси, намалување на акцизата и на ДДВ,ќе го смалиме, смениме па елиминираме неодржливиот транспорт“, смета Александар Дединец од МАНУ.

Староста на возниот парк ја смести Македонија на последното место во Европа, а најлошо котираме и во однос на емисијата на ЦО2 која изнесува 147 грама на кубен метар.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ