
Обвинителството нема докази дека некој му помогнал на Груевски во бегството
Обвинителството во досегашната предистрага не утврдило кривична одговорност на службени лица кои му помогнале во бегството на експремиерот Груевски, туку само лоцирале дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции.
Во подолго соопштение се наведени сите дејствија преземени од обивнителите. Анализирале листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со Груевски во критичниот период. Сослушани се вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.
МВР се уште го анализирало видеоматеријалот од околу 10 терабајти земен од безбедносните камети низ Скопје, од аеродромот, од повеке хотели и објекти од патот Шпиље Дебар и од сите гранаични премини. Утврдено е дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, Груевски подигнал околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до СЈО.
Црна Гора ги предала снимките од граничните премини, но и од камерите околу унгарската амбасада, а Албанија дури месецов одговриле дека материјалот не е сочуван. Од Интерпол пак известиле дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период.