Потпишан е протоколот за влез на Македонија во НАТО

Историски ден за Македонија. Потпишан е протоколот за влез на нашата земја во НАТО Алијансата. Секој претставник на 29-те земји членки на НАТО стави потпис на протоколот. Историски ден во кој се отвора вратата на вашата земја, порача генералниот секретар Столтенберг, кој потоа прозивајќи ги по азбиучен ред, сите земји и дадоа поддршка на Македоонија во заедничкиот документ. Никој не го одмина министерот Димитров срдечно да се ракува со него.

Пред почетокот на церемонијата, генералниот секретар на НАТО, рече дека сојузот долго чекал да седне Македонија со нив, а со потпишувањето на договорот следува и целосна поддршка од земјите на НАТО. Вашата земја од сега ќе ја следи политиаката на НАТО со споделување на истите европкси вредности.

Ова беше долго патување, но денеска нашата земја е силна затоа што продолжува да чекори со голем број пријатели. Ова за мене е историска привилегија, рече министерто Никола Димитров кој е присутен на целата церемонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ