
И роднини на функционери во трка за идни антикорупционери
Иако е државен секретар за правда, Радица Лазерска Героска сака да биде иден атникорупционер. Половина час ја убедуваше собраниската комисија дека може и умее да открива корупција, но тешко и беше да се присети дали е роднина со вицепремиерката Радмила Шеќеринска.
Ако вчера се натпреверуваа поранешени државни службеници, денешниот распоред го пополнија активни. Маја Малахова претседателката на Комисијата за жалби по јавни набаваки тврди дека 10 години не добила пристисоци, иако низ раце им поминале проектот „Скопје 2014“, како и јавни набавки од неколку милијарди евра.
За столче меѓу идните антикорупционери се бори и поранешниот разузнавач Горан Митевски, кој рече дека ќе превенерира наместо да гони корупција.
Со утрешните 13, последните интервјуа, Собранието ќе ги заврши кандидатурите, а најавите се дека во петок ќе ги соопшти и избере составот од седумина идни антикорупционери, чијашто прва обврска ќе бидат чешлање на партиите и државнитеи нситуции во пресрет на претседателските избори.
Павле Беловски