
Неизвесна судбината на Гинекологија Чаир
Од оџакот на гтинекологија Чаир денеска изглегуваше помалку чад. Од неисчистените и дотраени котли чадеше наутро кога се пали греењето. Но топлото време помогна помалку да се користи и греењето во оваа болница. Откако овие сни,мки осамнаа на социјалните мрежи Министерот Филипче вети дека ќе набавел нова опрема за грење за старата Гинекологија.
Оваа реакцвија на министерот за здравсто услкеди откако градоначалникот Шилегов се закани дека ќе стави клуч на врата на едно од најголемите родилишта во земјава каде годишно се раѓаат 4 илјади бебиња. Градските власти се заканија дека даваат рок од еден месец, за од Гинекологија да престанат да го загадуваат воздухот.
Од болницата повеќепати ги повикале инспекторите на надлежните институции – со ред, од министерството за здравство до Животна средина. Инспекторите дошле во родилиштето и провериле како таму се греат и како имаат топла вода. Направиле записници и утврдиле што точно треба да се промени. Но, во Гинекологија Чаир и понатаму се греат на мазут – како што го прават тоа уште од 1965 година. И покрај ултиматумот од градоначалникот Шилегов – Филипче не верува дека ќе се затвори на родилиштето во кое моментално се 50 новороденчиња и нивните мајки.
Болницата во Чаир е само уште една од низата големи загадувачи во главниот град. На нив се фокусирале и странски истражувачи. Во извештајот на Европската организација на врховни ревизорски институции ЕУРОСАИ, автомобилите и домаќинствата не се најголеми загадувачи иако властите се акцентот го ставаат на налепници на возилата и субвенции за печки. Според извештајот, Македонија има малку пари одвоено од буџетот за борба против отровите во воздухот.
Петар Догов