Девет кандидати за претседателска трка во ВМРО-ДПМНЕ

Од утре па се до 16 февруари деветте кандидати за претседател ќе имаат можност да ги презентираат своите програми во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата и официјално ги претстави оние кои ги исполниле условите: Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска, Филип Петровски, поранешниот претседател на ЗЕЛС Горан Анеглов, универзитетските професори Илија Димовски, Никита Шекутковски, Сашо Кутлешовски, Ѓорѓи Мансаков – претседател на Стопанската комора за енергетика и Васко Костов фармацевски техничар. Во партијата велат дека не фаворизираат ниту еден кандидат и покрај информациите дека раководството лобира за професорката Силјановска.

Очигледно е дека најголемата битка ќе се води меѓу пратеникот Влатко Ѓорчев и професорката Гордана Силјановска. Ѓорчев има голема подршка од членството додека според нашите извори првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ ја фаворизираат професорката Гордана Силјановска како надпартиски кандидат за претседател очекувајќи на изборите гласови од неопределените, но и од разочараните од СДСМ. Во партијата се стравува на Конвенцијата во Струга да не се повтори истото сценарио како на Кумановскиот и Валандовскиот конгрес, со однапред познат победник и сигурни гласачи. Се очекуваат остри дебати и  разврска на бројни дилеми на 16 февруари.

ВВМРО-ДПМНЕе не отстапува од ставот заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори. Повторно го повикаа СДСМ да не тактизира, да не бега од ова прашање и да донесе одлука, зошто во спротивно ќе мислат дека се подготвува изборен фалсификат.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ