„Жешката топка“ на Врховен сега се префрла во Обвинителството и во Собранието

„Жешката топка“ која Врховен како правно мислење му ја фрли на Кривичен суд  сега се префрла во обвинителството и во собранието дознава Телма.

Кривичниот суд ќе бара од државниот обвинител Љубомир Јовески да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО, кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд но и ќе се бара автентично толкување од собранието на чл. 22 од законот за СЈО за кој највисокиот суд даде мислење, дека Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги покренува обивненија, потврдуваат од судот за Телма.

Ова се двата заклучоци донесени на попладневниот колегиум во Кривиечен на кој требаше да се изгради став по одлуката на Врховен.

Според информациите на Телма, 30-тина  судии присуствувале дискутирале и ги кажале своите гледишта – Дел посочиле и дека не требало да чекаат врховен да пресече за ова прашање што долго време провејува во јавноста.

Дали рокот на СЈО од 18 месеци е истечен ќе се чека одговор од собранието. Кривичен ќе бара од обвинителството да иницира автентично толкување на роковите, затоа што вакво толкување не може да бара основен суд. Овој чекор на судот може да се протолкува дека Кривичен не се убеден дали треба да го почитуваат мислењето на Врховен и бара законодавниот дом да го каже последниот збор. Државниот обвинител Јовески прв го кажа својот став дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејки не станува збор за невоедначена пракса на судовите туку  толкување на закон што е надлежност на Собранието.

Врховен минатата недела изгради мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземни бомбите, а не од секој поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.

За судбината на десетици истраги предистраги но и обивненијата за Талир решение на состанок бараа и Јанева и Јовески. Една од најспоменуваните опции е предметите да бидат предадени на редовното обивнителство да го доврши.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ