
Чавков не сторил никакво кривично дело, а не па тероризам, потенцираше неговиот адвокат
Ослободителна пресуда за екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, побара неговиот адвокат. Зошто адвокатот образложуваше три часа, оспорувајќи го и обвинението и делото кое му се става на товар. Ги набројуваше и сведочењата и доказите кои одат во негова корист, за да заокружи дека нема докази за никакво кривично дело а не пак за Терористичко загрозување на уставниот поредок.
Дуковски потенцираше дека токму Чавков е иницијатор на оперативната акција Платфома за справување со протестите кои се одржуваа пред 27 април 2017. Во време на инцидентите токму тој дал наредба за делување на полицијата. Дуковски праша што требало повеќе да стори, дали требало полицијата да пука во народот, па да има 100 мртви. За сведочењето на тогашниот министер Агим Нухиу пред судот рече дека негова перцепсија е дека се работело за сопствена одбрана а не сведочење.
Ова беа први завршни зборови на било кој од адвокатите или обвинетите во најголемиот процес за крвавиот четврток. Прво ќе зборуваат сите адвокати на 18 темина обвинети, па по тоа и самите обвинети ќе имаат завршни зборови.
Билјана Николовска