Дали барабанот на Врховен ќе го сврти и „Монструм“

Дали барабанот на Врховен во кој влегоа десетици предмети на СЈО ќе го сврти и „Монструм“. Со правно мислење, највиоскиот судо оспори десетици истраги и предистраги на сјо отворени по јули 2017  но дел од правниците поставија дилеми и за предметите за кои сјо ги преземало а имало обивнение од претходно во редовното обвинителство . Мегу нив е и монструм кој СЈО го презема во март минатата година.

До сега на судењето бомбите не беа изведени како докази. Доколку сега СЈО го предаде предметот на државното обивнителство можно е воопшто да не се слушнаат во судница а токму содржината на разговорите беше една од причините поради кои Врхвниот суд го врати предметот на почеток

Адвокатите во Монструм не сакаат да прејудицираат дали овој предмет кој претходно беше во организиран криминал повторно може да се врати во ова обвинителство. На одбраната и одговара да остане надлежноста кај  СЈО за да се лсушнат бомбите вели адвокатот Насер Рауфи.

Според адвокатката на семејствата на убиените момчиња одлуката на Врховен отвора многу дилеми и проблеми. Вели досегашното искуството покажало дека и самиот врховен суд некогаш не ги почитува своите претходно донесени мислења. Конкретно за Монструм смета дека предолго нема судска завршница

Судии со кои разговараше Телма се поделени во ставовите дел сметаат дека Монстурм треба да биде вратен во организиран криминал бидјеки е преземен по рокот од 18 месеци други пак посочуваат дека секој предмет на Јанева поединечно треба да биде анализиран но дека мислењето не го засега Монструм. Кривичен на колегиум треба да донесе став за следните чекори.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ